Официјално: Новиот SUV на Lamborghini доаѓа во 2018! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Новиот SUV на Lamborghini доаѓа во 2018!

Италијанскиот производител на супер-автомобили конечно доби зелено светло и официјално да го понуди својот прв SUV модел – кој ќе се прави во Италија и ќе дојде на пазарот во 2018!

Иако според некои извори, Urus требаше да се појави на пазарот веќе во 2017, сепак неговото деби е одложено една година за да се финализираат деталите околу неговото производство. Иако се шпекулираше дека SUV моделот (за кој не е потврдено дека ќе се вика Urus) ќе се прави во фабриката на Audi во Словачка, каде се произведува и Q7, сепак на крајот беше донесена одлука тој да се произведува во Sant’Agata Bolognese, во домот на Lamborghini во Италија.

Според официјалната изјава која доаѓа од Audi (под чија капа се наоѓа Lamborghini во хиерархијата на Volkswagen групацијата), компанијата постигнала договор со властите во Италија да добијат даночни олеснувања и други поволности, за сепак производството да остане во земјата. Компанијата ќе инвестира стотици милиони евра во новата фабрика и ќе се отворат околу 500 работни места.

Новиот SUV ќе цели кон „постоечките клиенти на Lamborghini кои возат SUV модели од други брендови, како и фамилии и клиенти кои се нови приврзаници на брендот.“ Главни пазари за новиот SUV на Lamborghini ќе бидат Соединетите Американски Држави, Кина, Обединетото Кралство, Германија и Русија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.