Новиот Peugeot 2008 DKR е подготвен да го нападне Дакар релито! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Peugeot 2008 DKR е подготвен да го нападне Дакар релито!

Peugeot официјално го претстави 2008 DKR со кој ќе настапи на непредвидливото Дакар Рели наредната година.

По долга пауза од 25 години, Францускиот бренд се враќа на Дакар релито со тркачко баги базиран на 2008, кое изгледа токму како да е извадено од апокалиптичен филм. Тоа вози на рапави 37-инчни теренски пневматици и е опремено со голем заден спојлер, додека пак задните врати се исфрлени. Исто така надвисоците се намалени за да се овозможи поголем агол на приод.

Подетални информации за погонот на Peugeot 2008 DKR не се достапни во моментов, но се претпоставува дека возилото ќе има погон само на задните тркала. Повеќе детали ќе бидат објавени на 20-ти Април на отварањето на автомобилскиот саем во Пекинг.

Доколку погледнеме назад кон златните години на рели трките, Peugeot триумфираше многу пати во текот на тој период. Помеѓу 1987 и 1990, Ари Ватанен и Јуха Канкунен освоија четири последователни победи позади воланот на моќните Peugeot 205 и 405 T16.

Наредното Дакар Рели ќе започне во Јануари 2015, а тимот Peugeot Total, потпомогнат од главниот спонзор Ред Бул, ќе се обиде да ја приграби победата со возачите Карлос Саинз и Сирил Депре.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.