Официјално: Новиот и модерен Јапонски кросовер – Nissan Murano – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Новиот и модерен Јапонски кросовер – Nissan Murano

На само неколку дена пред започнувањето на автомобилскиот саем во Њу Јорк, Nissan официјално го претстави целосно новиот Murano.

Следејќи го дизајнот на концептот Resonance од минатата година, моделот е стилизиран со поагресивни линии и форми од својот претходник. Највпечатливи елементи од целиот автомобил се масивната предна решетка во V-форма, предните бумеранг светлосни групи, визуелно слеаните странични прозорци со задното ветробранско стакло и новите задни светла.

Ентериерот изгледа слично на неговиот помал брат Rogue, но е за нијанса полуксузен благодарение на украсните елементи од светло дрво.

Неговата сила ќе извира од 3.5-литарски V6 агрегат кој произведува 260 коњски сили и 325 Nm вртежен момент. Исто како кај Pathfinder, тој ќе биде усогласен со Xtronic трансмисија и опција за погон на сите тркала. Се очекува подоцна да биде лансиранa и 2.5-литарска хибридна верзија. Европските купувачи најверојатно ќе го добијат истиот 2.5-литарски dCi кој се нуди и во тековниот модел, а кој нуди 190 коњски сили и 450 Nm вртежен момент.

Се очекува кросоверот да биде опремен со 8-инчен мултимедијален дисплеј на допир со вградена навигација, како и многубројни системи за безбедност како детекција на движечки објект, предупредување за објект во слепа точка, предупредување за директен судир и сопирање во случај на опасност.

Ова се сите информации кои се познати засега за новиот Murano. Повеќе детали очекуваме по неговото дебитирање во Њу Јорк.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.