JEEP официјално достапен и во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

JEEP официјално достапен и во Македонија!

Компанијата Аутомобиле СК од неодамна е ексклузивен увозник на моделите на JEEP во Македонија, кои денес беа претставени пред Македонските автомобилски новинари!

Во понудата можат да се најдат легендарниот Wrangler кој корените ги влече од воениот Jeep Willys, урбаниот Jeep Compass како и добро познатиот Grand Cherokee.

Wrangler ќе се нуди во две изведби – со три и со пет врати, и со три нивоа на опрема – Sport, Sahara и Rubicon, а моторот со кој се очекува највеќе да се продава кај нас е нов 2.8-литарски турбодизел агрегат со 200 коњски сили и 460 Nm вртежен момент.

Compass е урбаниот Jeep. Ќе се нуди со 2.2 литарски турбодизел со 163 коњски сили и 320 Nm вртежен момент, а за прв пат ќе се нуди Jeep со погон на предните тркала.

Големиот Grand Cherokee е на врвот во понудата. Знаменосецот е новиот V6 турбодизел кој е изработен со Фиат-овата MultiAir технологија. Тој нуди 240 коњски сили и 550 Nm вртежен момент во посилната изведба, односно 190 коњски сили и 440 Nm вртежен момент во послабата. Ќе се нуди и 3.6-литарскиот Pentastar V6 бензинец.

Цените на Wrangler започнуваат од 36.500 евра, на Compass од 22.700 евра и од 51.000 евра за Grand Cherokee.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.