Официјално: Новите Dacia Logan, Sandero и Sandero Stepway – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Новите Dacia Logan, Sandero и Sandero Stepway

Dacia реши да ги обнови нејзините најпродавани модели во исто време и го одбра 2012-тото издание на саемот во Париз за да претстави новите Logan, Sandero и Sandero Stepway.

Сите три модели имаат сличен стајлинг, како и идентична внатрешност. Ектериерот изгледа поскладен и попривлечен од претходно, додека ентериерот е направен од поквалитетни материјали и изгледа попријатно од оној порано. Новитет е опцијата за мултимедијален систем со 7-инчен екран на допир и стаелитска навигација, MP3 компатибилност, USB приклучок, команди на воланот и Bluetooth конекција.

Сепак, најважната измена се наоѓа под хаубата. За прв пат во Dacia ќе се вградува модерен агрегат кој доаѓа од Renault, а тоа е TCe 90. Се работи за 0.9-литарскииот три-цилиндарски турбополнет мотор со 90 кс и 135 Nm вртежен момент достапен од 1,650 вртежи во минута па нагоре.

Во понудата ќе биде и атмосферски аспириран 1.2-литарски бензински агрегат со 75 кс. Гамата на дизелски агрегати се состои од две верзии на 1.5-литарскиот dCi мотор, едната со 75 кс, а другата со 90 кс. Емисијата на штетни издувни гасови кај моделите опремени со дизелските мотори изнесува 99 грама на километар.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.