Audi A3 Sportback – Повеќе врати, повеќе практичност! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi A3 Sportback – Повеќе врати, повеќе практичност!

Веќе ни е добро позната најновата генерација на Audi A3, но денес ви ја презентираме нејзината изведба со пет врати!

Како и кај претходната генерација, и кај оваа изведбата со пет врати ја носи ознаката Sportback. Што всушност значи тоа? Секако, најважната разлика се вратите – првото A3 кое го видовме беше со три врати, додека Sportback изведбата е со пет. Но сепак, покрај двете екстра врати, A3 Sportback може да се пофали и со зголемено меѓуоскино растојание – и тоа за 58 милиметри! Тоа значи повеќе простор во внатрешноста, како на задната клупа, така и во багажниот простор, а и целиот автомобил е малку подолг, поширок и повисок од својот брат со три врати.

Audi A3 Sporback може – исто како своите браќа изградени врз MQB платформата – да се пофали со намалена тежина – односно до 90 килограми во однос на претходната генерација.

Во внатрешноста можеме да го очекуваме истиот ентериер кој веќе го знаеме од А3 со три врати. Секако, тоа значи материјали со врвен квалитет, одлична ергономија и многу, многу технологија!

Моторите кои Audi ќе ги нуди во новиот A3 Sportback ни се веќе познати – тука е 1.6-литарскиот TDI (за кој сеуште нема објавено точни информации околу моќноста) со кој A3 Sportback ќе може да забрза до 100 километри на час за 10.9 секунди и да продолжи да забрзува се до 194 километри на час. Потрошувачката е најавена дека ќе биде само 3.8 литри на 100 километри.

Еден чекор погоре е 2-литарскиот TDI со 150 коњски сили и 320 Nm вртежен момент. Со овој мотор A3 ќе забрзува до 100 километри на час за 8.4 секунди, се до максималната брзина од 213 километри на час, а ќе троши само 4.6 литри на 100 изминати километри.

Најмоќниот TDI во понудата ќе биде 2-литарскиот турбодизел со 184 коњски сили и 380 Nm вртежен момент. Овој мотор обезбедува забрзување до 100 километри на час за 7.4 секунди, максималната брзина ќе биде 232 километри на час, а потрошувачката ќе биде само 4.3 литри на 100 изминати километри!

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Über-караван со 630 коњски сили - претставен Audi RS 6 Avant GT!

Бензинските агрегати кои ќе се нудат се 1.2-литарскиот TFSI со 105 коњски сили, 1.4-литарскиот TFSI со 122 коњски сили, но и уште една изведба на овој мотор со 140 коњски сили, 250 Nm вртежен момент и систем за деактивација на цилиндри. Со овој мотор Audi A3 Sporback ќе забрзува до 100 километри на час за 8.4 секунди, максималната брзина ќе биде 213 километри на час, а потрошувачката само 4.7 литри на 100 изминати километри.

На врвот во бензинската понуда ќе се најде 1.8-литарскиот TFSI со 180 коњски сили и 250 Nm вртежен момент. Забрзувањето до 100 километри на час изнесува 7.3 секунди а максималната брзина 232 километри на час. Потрошувачката е само 5.6 литри на 100 изминати километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.