Официјално: 2013 Aston Martin DB9 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: 2013 Aston Martin DB9

Aston Martin реши да го обнови осумгодишниот DB9 во 2013-та година со измени во стајлингот, силата и внатрешноста.

Очигледно, Aston Martin се обидел да присвои елементи од моделот во заминување, Aston Martin Virage, па затоа DB9 добива поистакнат заден спојлер на багажникот, поголема предна решетка, нов преден сплитер, отвори за воздух на хаубата и карактеристичните за Aston Martin странични прагови.

Aston Martin вели дека внатрешноста е подобрена со високо квалитетни материјали кои можат да се порачаат во 2+2 конфигурација на седење. Доколку се одбере споменатата, купувачите исто така можат да го опремат DB9 со лесни спортски седишта полесни за 17 килограми од стандардните.

Агрегатот е нова генерација на 5.9-литарската V12 единица која користи технологија развиена за претстојниот Vanquish. Главните податоци се 517 кс и 620 Nm вртежен момент, подобрување од 47 кс и 20 Nm споредено со претходниот модел. Новиот DB9 забрзува од 0-100 км/ч за 0.2 секунди побрзо од претходниот модел, односно 4.6 секунди, но има за 5 км/ч помала крајна брзина – 295 км/ч.

Покрај тоа што новиот DB9 ја има истата шасија од претходно, инженерите направиле некои подобрувања, вклучувајќи го сопирачкиот систем кој сега користи карбон-керамички дискови и клипови кои се полесни за 12.5 килограми од конвенционалните сопирачки, и четврта генерација на Aston Martin-овиот систем за прилагодување на амортизацијата.

Земајќи ги најдобрите елементи од Virage, додавајќи нови надоградби и комбинирајќи ги нив со номенклатурата на DB9 тие создале моќен и спортски Granturismo модел кој седи гордо во срцето на гамата на спортски автомобили на Aston Martin.

2013 DB9 ќе ја доживее својата премиера на Парискиот Автомобилски Саем за неколку дена, додека првите возила ќе пристигнат во претставништвата во Европа овој Октомври, со почетна цена од 174,994 евра во Германија.

Поврзано:  Aston Martin го освежи DBX707


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.