Претставен новиот Nissan Note – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен новиот Nissan Note

Nissan ја претстави новата втора генерација моделот Note, пред неговото лансирање во Септември.

Новиот Note е сериска верзија на концептот Invitation, кој беше прикажан на овогодишниот Саем во Женева, а најинтересната работа е тоа што серискиот модел остана верен на дизајнерската студија.

Сепак, споредено со конкурентите од Б-сегментот, располага со повисок кров, што резултира со повеќе место во кабината од неговите ривали. Неговиот ентериер е со едноставен дизајн, а поголемиот дел е тврда пластика, што е малку разочарувачки.

Во Јапонија, новиот Note ќе биде во понуда во избор од два 1.2-литарски три-цилиндрични бензински агрегати, од кои едната е атмосферска, а другата верзија е со компресор. И двата мотори ќе бидат усогласени со следната генерација на непрекинлива варијабилна трансмисија која ветува врвна автономија во класата.

Европската варијанта ќе биде откриена на почетокот на следната година и ќе располага со уникатни стилски детали, како и подинамично подесување на подвозјето.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.