Со гордост можеме да објавиме дека денес официјално започнува гласањето за Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил!
Денес официјално започнува гласањето за Златно Тркало, во кој токму вие – нашите читатели – ќе можете да го дадете својот глас во неколку различни категории. Сè што треба да направите е да го посетите www.zlatnotrkalo.mk – и таму во секоја од петте различни категории да го одберете вашиот фаворит.
Ние и нашите колеги подготвивме многу материјали за сите учесници, со цел да ви ги доближиме и повеќе да дознаете за сите нив – а со тоа да го дадете вашиот глас токму на оној, кој мислите дека најмногу го заслужува.
Гласањето ќе трае од денес, па сè до 28-ми Февруари. Победниците ќе ги објавиме на 1-ви Март, а за 10 читатели ќе подариме влезници за гала-доделувањето на признанијата! Гласајте!