Новата, втора генерација на GLA е пократка, пошиока и повисока од првата – со што компактниот кросовер на Mercedes-Benz добива поробустен лик.
Кажете му добредојде на новиот Mercedes-Benz GLA. Базиран на A-класата, од која влече дизајнерска инспирација, новиот премиум компактен кросовер на Mercedes-Benz ќе се бори со конкуренцијата во прилично компетитивен сегмент.
Како што напоменавме, новиот GLA е повисок, поширок и пократок од моделот кој е во заминување – а тоа пак му дава интересен, робустен лик. Да, препознатливи се деталите од A-Класата, но и покрај тоа GLA има свој сопствен идентитет.
На самиот почеток, Mercedes-Benz одлучи да го лансира новиот модел со два различни мотори – едниот е GLA 200, кој добива 1.33-литарски турбо-бензинец кој испорачува 163 коњски сили и 250 Nm вртежен момент, како и помоќниот GLA 35 AMG, кој добива 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 306 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Понатаму во понудата ќе бидат додадени и дизелски, како и хибридни изведби. Секако, Mercedes-AMG ќе понуди уште помоќна верзија која би требало да има околу 420 коњски сили.
Инаку, GLA го добива MBUX системот на Mercedes-Benz, како и сите други модерни технологии кои германскиот премиум производител ги нуди во своите модели. MBUX системот ќе биде достапен во три варијанти – со два 7-инчни дисплеу, еден 7 инчен и еден 10.25 инчен, или со два 10.12-инчни дисплеи.
Новиот GLA се очекува наскоро да пристигне во салоните на Mercedes-Benz.