По доминацијата на Мартин Делев изминатите три трки во рамките на Twingo Cup, денеска на патеката „Ушче“ во Белград триумфираше Давид Малиновски.
Малиновски до победата дојде со вкупно време од 33:18,951 минути, пред Емил Нацка, кој доцнеше само 0,226 секунди. Место на подиумот имаше и за третопласираниот Слободан Трајковски. Трикратниот победник сезонава, Делев, во Белград финишираше на четвртото место, додека петти беше Иван Стефановски.
Тројца возачи не ја завршија трката, а тоа се Томас Трајановски, Александар Кочевски и Ангелче Стојковски. Twingo Cup продолжува со петтата трка сезонава, која ќе се одржи во Кичево од 20-ти до 22-ри Септември.