Плаг-ин хибирдниот Peugeot 3008 GT HYBRID4 може да троши само 1.3 литри бензин на 100 километри според WLTP – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Плаг-ин хибирдниот Peugeot 3008 GT HYBRID4 може да троши само 1.3 литри бензин на 100 километри според WLTP

Според WLTP протоколите, новиот Peugeot 3008 GT Hybrid4 може да троши само 1.3 литри бензин на 100 изминати километри и да има емисија на CO2 од само 29 грама на изминат километар.

Хибридниот 3008 GT Hybrid4 комбинира 200-коњски PureTech турбо-бензинец со два електромотори. Едниот електромотор е поврзан на менувачот, а вториот директно на задната оска. Системската моќност е 300 коњски сили, а тоа му овозможува на плаг-ин хибридниот SUV да забрза до 100 километри на час за само 5.9 секунди.

Но она што е уште поимпресивно е автономијата на електрична енергија. Благодарение на капацитетот од 13.2 kWh, плаг-ин хибирдниот 3008 GT Hybrid 4 може да помине до 59 километри само на електрична енергија – а тоа го прави еден од најчистите автомобили кои во моментов се нудат на пазарот. Полнењето (со соодветен полнач) трае 1 час и 45 минути – и вие сте повторно подготвени за возење на електрична енергија.

Peugeot подготвува уште една варијанта на 3008 Hybrid – која ќе комбинира 180-коњски бензинец со само еден, 110-коњски електромотор поставен на предните тркала. Оваа верзија ќе биде со погон само на предните тркала и ќе има вкупна системска моќност од 225 коњски сили.

Плаг-ин хибридниот Peugeot 3008 GT Hybrid4 е веќе достапен за нарачка во Франција, а од Октомври ќе биде достапен и во остатокот од Европа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.