Hyundai му дава спортска нота на Tucson со N Line пакетот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai му дава спортска нота на Tucson со N Line пакетот

Tucson N-Line е наменет за оние кои сакаат да добијат подинамичен лик кај својот SUV.

Луѓето од Hyundai најавија дека сакаат да ја прошират понудата на N Line модели, а Tucson е првиот SUV на корејскиот бренд кој го добива овој третман.

Пакетот вклучува цел грст спортски детали – предниот дел добива редизајниран браник со изменети отвори за воздух, нови LED дневни светла, затемнета предна маска и црни украсни прстени околу фаровите.

Црни се и декоративните елементи околу прозорците, сите примероци ќе бидат поставени на црни, 19-инчни тркала, а можете да додадете и црн заден спојлер, црн кров, како и црни капаци на страничните ретровизори. Кабината е обвиена во црна кожа, а некои детали се во сјајна црна пластика, додека интересен контраст даваат црвените опшивки. Сите модели добиваат Krell аудио уред со 9 звучници.

Инаку, Tucson N Line ќе може да се нарача со 1.6-литарскиот турбо-бензинец со 177 коњски сили, 1.6-литарскиот CRDi турбодизел, или пак 2-литарскиот турбодизел со лесен хибриден систем. Во зависност од одбраниот мотор, можете да добиете погон на сите четири тркала или погон само на предните, како и автоматски или мануелен менувач.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.