full screen background image
Search

Пристигна и новиот Lexus UX!

Новиот кросовер на Lexus – компактниот UX – е веќе пристигнат и изложен во салонот на Тојота Автоцентар во Скопје!

Веќе неколку пати пишувавме за UX – новиот компактен кросовер на јапонскиот производител на премиум автомобили. Со UX, Lexus ја дополнува својата гама на модели со кросовер кој е нијанса помал од NX, но сепак нуди многу простор, врвна изработка, врвни материјали, и секако – одличниот хибриден погон на јапонскиот гигант.

Новиот UX е долг 4495 милиметри и има меѓуоскино растојание од 2640 милиметри. Ова нуди сосем доволно простор во ентериерот – кој патем изгледа модерно, скапо и хај-тек.

Lexus UX може да се добие со две погонски единици. Едната ја носи ознаката UX 200 и користи нов четири-цилиндерски мотор кој испорачува 168 коњски сили. Скалило над него (и сигурно вистинскиот избор за голем процент од купувачите) е овој UX 250h кој – погодувате – користи хибриден погон за вкупно 176 коњски сили и погон на сите четири тркала благодарение на електромоторот поставен на задната оска.

За повеќе информации посетете го салонот на Тојота Автоцентар во Скопје, а ние наскоро ќе ги пренесеме нашите импресии од луксузниот кросовер.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.