Mercedes-Benz го освежи GLC Coupe – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz го освежи GLC Coupe

Германскиот производител на луксузни автомобили се подготвува за New York Auto Show – а еден од новитетите кои ќе ги прикаже таму е токму освежениот GLC Coupe, кој го потпишува македонскиот дизајнер Славче Таневски.

Освежениот GLC Coupe добива редизајниран лик со затегнати линии и поагресивни предни светла. Најинтересен новитет е новата предна маска која има интересна форма, како и новите LED предни светла со уникатни и препознатливи дневни светла. Освежувањето продолжува кон задниот дел, кој добива редизајнирани светлосни групи, како и нов, поспортски завршеток на издувниот систем и нов заден дифузер.

Значителни освежувања добива и кабината – приказната таму започнува со нов управувач, нов мулти-функционален „тачпед“ за контролирање на мултимедијалниот уред – кој сега е со дијагонала од 10.25 инчи и доаѓа со новиот MBUX систем. Доколку сакате, можете да нарачате и 12.3-инчен панел со инструменти поставен пред возачот. GLC Coupe добива и многу нови технологии и системи за предупредување.

Европските купувачи ќе можат да го нарачаат GLC Coupe со два четири-цилиндерски бензински мотори, или три турбодизел мотори. Бензинците имаат 197, односно 258 коњски сили, а дизелите имаат 163, 194 или 245 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.