Јапонскиот производител најавува нов Forester STI кој ќе ја има својата премиера на 25ти Ноември оваа година!
Сега за сега не се знае дали спортскиот Forester ќе биде наменет исклучиво за домашниот пазар, или ќе се нуди и на другите пазари низ светот. Она што го знаеме е дека ќе добие агресивен бодикит, поголеми кочници и тркала, преден спојлер, црвени акценти, уникатната STI-сина боја и поспортска суспензија.
За придвижување ќе биде задолжен турбо-бензински боксер мотор – можеби истиот 2.5-литарски мотор од Impreza STI кој испорачува 305 коњски сили и 393 Nm вртежен момент, но не се исклучува ниту можноста во Forester STI да се најде малку послаб мотор, како не би газел на петиците на Impreza STI.