full screen background image
Search

Mercedes-Benz му го честита роденденот на G-Class!

Големиот теренец на Mercedes-Benz веќе 35 години е незаменлива појава насекаде низ светот, па како подарок за својот роденден добива специјална едиција!

Оваа година таканаречениот G-Wagen го слави својот 35-ти роденден, па луѓето од Mercedes-Benz подготвија специјална „Edition 35“ верзија од G350 Blue TEC и G500 моделите. Ќе се нудат во три бои – специјалната Designo Mystic White Bright бела боја, Palladium Silver сребрена и Obsidian Black црната боја, с0 18-инчни фелни офарбани во сјајна црна боја, но истиот третман ќе го добијат и предниот и задниот браник, додатоците на крилата, ретровизорите и кровот.

Надворешностадобива и AMG спортскипакет, спортски издув како и хромиран пакет. Во внатрешноста купувачите ќе можат да изберат меѓу еднобојна или двобојна комбинација со црвени опшивки, а ќе најдат и хромирани детали, шалт-табла покриена со кожа, AMG управувач, Designo детали со пијано црна боја и Designo микрофибер тапацир на кровот. Цените започнуваат од 101.030 евра за G350 BlueTEC, односно 112.812 евра за големиот G500 со V8 бензинец.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.