Ниту ние, ниту Ford беа подготвени за огромниот интерес кој се јави за новиот Ford Mustang – преку 9300 Европјани се пријавија за првите 500 примероци на новиот Ford Mustang – а првите 500 кандидати се пријавија за 30 секунди!
За време на минатонеделниот финален натпревар од Лигата на Шампиони на UEFA, компанијата Ford Motor изјави дека се пријавиле преку 9,300 учесници со цел да резервираат еден од првите 500 нови Ford Mustang модели за Европа. Ford ги доби првите 500 пријави за резервација на нов Ford Mustang во првите 30 секунди од натпреварот во кој Real Madrid CF го победи Club Atlético de Madrid со 4-1 во продолженија. Следната година, кога ќе започне продажбата, новиот Ford Mustang ќе биде првиот од својот вид достапен низ Европа.
„Знаевме дека ќе се создаде голема фама околу доаѓањето на новиот Mustang во Европа, но реакцијата за време на финалниот натпревар беше извонредна” – изјави Roelant de Waard, заменик-претседател на Маркетинг, продажба и услуги за Ford во Европа – „Навистина е извонредно да се започне вака ерата на Mustang во Европа.”
Новите 500 Mustang возила беа наменети за 20 држави. Во следните неколку недели Ford ќе ги контактира клиентите од тие држави за да ги извести дека пријавите се успешно примени. При крајот на годината, секој клиент ќе биде поканет да ја доврши својата нарачка во некое од локалните претставништва.
Моделите со засечен заден дел во Race Red боја и моделите кабриолет со Magnetic Silver боја беа достапни, и двата модела вклучуваа специјален пакет на опрема. Клиентите исто така имаа избор помеѓу новиот 2.3-литарски EcoBoost мотор на Форд со над 309 коњски сили и 407 Nm вртежен момент, или 5.0-литарскиот V8 мотор кој испорачува над 426 коњски сили и нуди 529 Nm вртежен момент.
Како официјален застапник на возила за Лигата на шампиони на УЕФА за сезоната 2013/2014, Ford обезбеди преку 900 возила за официјална употреба. Повеќе од 200 Ford возила ги превезуваа VIP личностите и официјалните лица на финалниот натпревар, а Ford Mustang го превезуваше и победничкиот трофеј од Шампионскиот фестивал на УЕФА до стадионот Estádio do Sport Lisboa e Benfica во Лисабон.
Извор: PR Ford