full screen background image
Search

Горивата поскапуваат од вечерва на полноќ!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите, покачени цени на бензините и дизелот!

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 1.61%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1.50 денари во однос на старата цена, и еден литар од ова гориво ќе чини 80.50 денари. ЕУРОСУПЕР-98 поскапува за 1.00 денари, и еден литар ќе чини 82.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 0.50 денари во однос на старата цена, и еден литар дизел ќе се продава за 68 денари.

Како што напоменавме, цените стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.