RS5-R e ABT верзијата на Audi RS5 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

RS5-R e ABT верзијата на Audi RS5

Доколку новиот RS5 не ви е доволно моќен, познатиот германски тјунер ќе ви го реши тој проблем.

Преку оптимизација на софтверот на 2.9-литарскиот V6 (и на електричниот мотор), ABT успеа да извлече вкупна системска моќност од 710 коњски сили и 905 Nm вртежен момент (што е зголемување за 80 КС и 80 Nm во однос на фабричкиот модел).

Од тјунинг куќата веќе најавуваат и уште помоќен пакет за следната година кој ќе вклучува титаниумски издувен систем од Akrapovič, доведувајќи ја моќноста до 789 коњски сили.

Покрај погонот, ABT подготви и цела низа карбонски аеродинамични додатоци, кои вклучуваат нов преден сплитер, отвори на предните калници, проширени прагови, нов заден дифузер и голем заден спојлер.

Внатрешноста добива редизајнирани седишта со црвени шевови, дополнителни карбонски детали на командната табла и карбонски лопатки за менување брзини зад воланот.

Производството на овој пакет ќе биде строго ограничено на 130 примероци, при што секој автомобил ќе има нумерирана плочка.

Во Германија, цената на самиот пакет започнува од 62.000 евра за седанот и 65.000 евра за караванската верзија, плус дополнителни 7.000 евра за монтажа.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!