Премиера: Сега и официјално, ова е Smart #2 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Сега и официјално, ова е Smart #2

Брендот официјално го претстави новиот целосно електричен двосед кој го означува враќањето на компанијата кон нејзините корени.

Со должина од само 2746 мм, новиот Smart #2 е дизајниран како одговор на модерниот сообраќај и сè почестите проблеми со паркирањето во урбаните средини.

Моделот е поставен на целосно новаta наменска електрична платформа наречена Electric Compact Architecture.

Електричниот мотор испорачува 80 коњски сили и 130 Nm вртежен момент на задната оска, овозможувајќи забрзување до 100 км/ч за 11,6 секунди и максимална брзина до сосема солидни 140 км/ч.

Благодарение на масата од 1140 килограми и батеријата со капацитет од 35,8 kWh, возилото има WLTP досег до 290 километри со едно полнење.

Smart #2 поддржува брзо полнење до 65 kW, односно полнење од 10 до 80 проценти за 20 минути, како и функција за двонасочно напојување.

Внатрешноста нуди паметно искористен простор со седиштата во форма на клупа, централниот екран од 10,1 инч, дигиталниот инструмент панел за возачот од 8,8 инчи и багажниот простор со капацитет од 305 литри.

Преднарачките за европскиот пазар веќе се започнати, а почетната цена во ЕУ ќе изнесува нешто под 20.000 евра за основната изведба, односно 25.500 евра за луксузната Couture Edition верзија.

Производството ќе се одвива во Кина преку заедничката компанија на Mercedes-Benz и Geely, а првите европски испораки се закажани за првата половина од следната година.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!