BMW нуди нови М Performance додатоци за новиот X5 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW нуди нови М Performance додатоци за новиот X5

Надградбите пристигнуваат директно од одделот BMW M Performance Parts и на линијата и даваат уште поспортски и поагресивен изглед.

Ние веќе имавме можност да го погледнеме новиот X5, а BMW претстави нови M Performance Parts за уште поагресивен лик.

На предниот дел, купувачите можат да изберат карбонски решетки на предната маска, како и преден сплитер изработен од истиот лесен материјал.

На задната страна, достапен е спојлер во сјајно црна боја и карбонски аеродинамички елементи кои се поставени од двете страни на дифузорот.

Понудата ја заокружуваат алуминиумските бандажи со димензии од 21 до 23 инчи, како и посебниот издувен систем. Тој е дизајниран за верзијата со V8 мотор, но поради строгите регулативи за бучава и емисија, истиот ќе се нуди исклучиво надвор од Европа.

Покрај горенаведените механички и аеродинамички компоненти, моделот може да се опреми и со разни графички елементи за екстериерот. Во внатрешноста се забележуваат M Performance заштитни прагови на вратите и специјални украсни патосници.

За сопствениците на кои им е потребен дополнителен простор за багаж, на располагање е серија аеродинамични кровни кутии кои доаѓаат во три големини – 350, 450 и 550 литри.

Дополнително, достапни се држачи за скии, сноуборд и велосипеди како и практични додатоци за задниот дел од внатрешноста.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!