Mercedes-AMG го претстави моќниот CLE 646 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-AMG го претстави моќниот CLE 646

Ова е вториот модел од серијата Mythos и доаѓа во строго-лимитирана серија од само 30 примероци.

CLE 646 е базиран на AMG CLE 53 и располага со 4-литарски твин-турбо V8 со, погодувате, 646 коњски сили.

Моќноста се пренесува исклучиво на задните тркала преку деветстепениот AMG Speedshift менувач, додека за звукот е задолжен спортскиот издувен систем развиен во соработка со Akrapovič.

Според фабричките податоци, новиот Mythos забрзува од 0 до 100 км/час за 3,9 секунди и до 200 км/час за 11,4 секунди, додека максималната брзина изнесува 310 км/час.

За кочењето се грижат огромни карбон-керамички сопирачки со дискови од 420 мм напред и 360 мм назад, сместени зад 20-инчните бандажи.

За да се намали тежината, користени се карбонски делови за предниот браник, страничните прагови, хаубата, покривот и задниот браник, со што вкупната тежина е намалена за 170 килограми.

Заштедата на тежина продолжува и во кабината, каде што се отстранети задните седишта, дел од звучната изолација и неколку системи за асистенција на возачот.

Mercedes исто така нуди и опционален пакет со појаси во шест точки, како и уникатна двобојна боја која преминува од сребрена на предниот дел во црна боја кон задниот дел.

Сосема очекувано, сите 30 предвидени примероци од CLE 646 Spezialanfertigung се веќе резервирани.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!