Jaguar ја покажа кабината на контроверзниот Type 01 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar ја покажа кабината на контроверзниот Type 01

Новиот дизајн го одликува нагласено минималистичка естетика која се потпира на чисти хоризонтални линии и мал број копчиња и прекинувачи.

Централниот дел на кабината е обележан со впечатливата конзола со завршна обработка во боја на месинг која се протега низ целиот автомобил и ги дели сите четири патници.

Традиционалниот централен ретровизор е заменет со дигитална камера. Централниот екран на допир е со покомпактни димензии и преку него се управува со основните функции за климатизација и инфозабава.

Воланот со двокрак дизајн има стандардни команди со хаптичен допир а удобните седишта имаат дополнителен спортски профил.

Официјалната светска премиера на моделот Type 01 е закажана за почетокот на октомври во Њујорк.

 

 

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!