Новиот модел ја продолжува традицијата со нудење на совршена алтернатива наспроти големите SUV возила.
За првпат во својата 27-годишна историја, Allroad добива значително поширока каросерија. Автомобилот е проширен за дури 111 милиметри во споредба со стандардниот A6 Avant и за 84 милиметри во однос на својот претходник.
Европските купувачи за првпат ќе имаат можност да го изберат Allroad како плагин хибрид со 2-литарскиот турбо-бензинец кој заедно со електричниот мотор испорачуваат вкупна системска моќност од 367 коњски сили и 500 Nm вртежен момент.
Благодарение на батеријата со капацитет од 20,7 kWh, хибридот овозможува целосно електрично возење до 95 километри (според WLTP).
Во понудата останува и моќниот 3-литарски V6 TDI дизел мотор кој развива 299 коњски сили и повеќе од солидни 580 Nm вртежен момент.
Дизелот користи лајт-хибридна технологија со генератор кој додава 24 коњски сили, како и електричен компресор кој целосно го елиминира турбо-лагот при забрзувањето.
Во внатрешноста доминираат големиот закривен панорамски OLED екран, четиризонскиот автоматски клима-уред и напредниот транспарентен панорамски стаклен покрив.
A6 Allroad стандардно доаѓа со управување на сите четири тркала како и способност да влече приколка со тежина до 2,5 тони. Официјалните нарачки во Европа започнуваат на 18 јуни, додека првите испораки во салоните се очекуваат во текот на претстојната есен.




















