Audi го претстави Ф1 болидот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi го претстави Ф1 болидот!

Сега и официјално – Audi Revolut F1 Team ги претстави и тимот, и болидот!

Audi официјално влегува во F1 циркусот како носител на Audi Revolut F1. Audi го купи Sauber по крајот на минатата сезона, на чело е Jonathan Wheatley, додека Nico Hulkenberg и Gabriel Bartoleto продолжуваат како возачи.

Финалниот дизајн е навистина сличен на R26 концептот кој Audi ни го покажа во Ноември. Дизајнот е микс од титаниум, карбон и Audi Red црвената боја. Сребрената боја доминира, а Audi Red и црните детали се позабележливи кон задниот дел. Оние кои познаваат малку историја ќе го поврзат дизајнот и со Auto Union Type C од 30-тите години на минатиот век.

И главниот извршен директо на Audi – Gernot Döllner – има многу доверба во тимот. Според него, Audi не влегува во F1 само за да учествува, туку за да победи. „Сакаме да победиме!“ – изјави тој. Токму затоа, Audi разви нов 1.6-литарски турбо V6 за новата сезона, кој се комбинира со хибриден систем и специјален пренос.

Првото официјално излегување на новиот тркачки болид е закажано за Бахрен, за време на претсезонското тестирање во Февруари, додека новата Ф1 сезона официјално започнува со Австралиското Гран При во Мелбурн во Март.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.