Новиот Kia Stonic пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Kia Stonic пристигна во Македонија!

Kia неодамна подготви навистина темелно освежување за Stonic. Освежување кое допира толку многу работи, па всушност новиот Stonic навистина можеме да го наречеме – нов.

Со освежувањето, Stonic доби нов лик, нов ентериер и нови погонски оппции. Дизајнот на Stonic ги следи насоките на новите, електрични модели на Kia, но и на поголемите Sportage и Sorento.

Кабината е темелно модернизирана, со нови дигитални инструменти и грст нови технологии. Веќе нема никаков траг од конвенционални, аналогни инструменти – сè е дигитално. Кокпитот добива два 12.3-инчни екрани и многу од физичките контроли се преместени токму на инфозабавниот систем.

Кабината добива и целосно-нов управувач, амбиентално осветлување, безжичен полнач за мобилен телефон и неколку USB-C приклучоци. Всушност, ако не се лажеме – нови се и седиштата.

Модернизирана е и погонската понуда. Веќе го нема атмосферскиот бензинец – сега Stonic може да се добие само со 1-литарски T-GDI турбо-бензинец со 100 коњски сили кој може да се комбинира со автоматски или мануелен менувач.

Stonic наскоро ќе пристигне во нашата редакција на тестирање, а во меѓувреме можете да го посетите салонот на Kia или пак официјалната веб-страница на Kia за Македонија.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.