Производството на тековната серија на популарниот SUV ќе заврши во 2026 година.
Дизајнот на Final Edition се карактеризира со суптилни детали како што се ласерски гравираните натписи на праговите, менувачот и на совозачкиот панел.
Во текот на три генерации, моделот се продаде во повеќе од 1.2 милиони примероци глобално. Првиот Touareg кој се појави во 2002 година беше познат по напредната суспензија и по моќниот V10 TDI мотор.
Втората генерација од 2010 година донесе хибридна верзија и нови безбедносни системи, додека третата генерација во 2018 година го покажа модерениот дизајн и напредните дигитални системи за удобност и безбедност.
Со финалната серија на Touareg, Volkswagen ги одбележи повеќедецениските достигнувања на моделот а истовремено и се збогува со сегашниот тип на моторот со внатрешно согорување.