ПРЕМИЕРА: KIA го претстави новиот Stonic – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: KIA го претстави новиот Stonic

Освежувањата кај Stonic се толку темелни и сèопфатни, што можеме да кажеме дека се работи за целосно нова генерација, а не фејслифт на тековната.

Stonic добива темелно ревидиран дизајн кој ги следи моменталните насоки на Kia. Предниот дел добива тенки светлосни групи со современи LED елементи, а предната решетка е подискретна. Доколку одберете Stonic GT Line, ќе добиете уште поспортски дизајн со големи отвори за воздух.

Профилот е воглавно непроменет, но добиваме нови тркала со дијаметар од 16 и 17 инчи. Дополнително, Stonic добива и нови, современи бои – Adventurous Green и Yacht Blue. Задниот дел добива редизајнирани задни светла и редизајниран заден браник.

Подеднакво радикален е пристапот и во внатрешноста.

Кокпитот добива два 12.3-инчни екрани и многу од физичките контроли (за жал) се преместени токму на инфозабавниот систем. Забележуваме и целосно-нов управувач, а Kia зборува и за амбиентално освежување, безжичен полнач за мобилен телефон и неколку USB-C приклучоци. Stonic добива и модерни системи за асистенција и безбедност – адаптивен паметен темпомат, системи за асистенција и многу повеќе.

Stonic ќе се нуди со две варијанти на 1-литарскиот T-GDI турбо-бензинец. Едната е конвенционална и нуди 100 коњски сили, додека другата е со лајт-хибридна компонента и испорачува 115 коњски сили. Силата ќе се испорачува кон предните тркала преку 6-степен мануелен или 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка.

Новиот Stonic се очекува да пристигне во салоните до крајот на годината.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.