Sunreef Ultima 55 е најновата.. јахта на Brabus? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Sunreef Ultima 55 е најновата.. јахта на Brabus?

Познатиот германски тјунер Brabus и производителот на луксузни јахти Sunreef Yachts ги здружија силите за да го претстават Brabus Sunreef Ultima 55.

За погон на ова пловило се користат два шестцилиндрични мотори, од кои секој испорачува моќност од 725 коњски сили или вкупно 1450. Благодарение на оваа моќна погонска група, јахтата постигнува максимална брзина која надминува 40 јазли.

Пловилото исто така користи напреден систем на подводни крила, кои при поголеми брзини го подигнуваат трупот над површината на водата, со што значително се намалува отпорот и се обезбедува потивко, поефикасно и значително помирно крстарење.

Надворешниот дизајн веднаш го открива карактеристичниот стил на Brabus, со препознатливите карбонски елементи и специјалните бои како Graphite Black и Phantom Grey. Јахтата располага со истакнати карбонски крила, осветлени лога на Brabus и функционални LED светла на покривот.

Страничните склопливи платформи ја зголемуваат вкупната ширина на палубата од 5,6 на 7,6 метри, со што се добива голем простор за релаксација.

Во внатрешноста се користи карактеристичниот Moonstone Masterpiece кожен тапацир со препознатливи триаголни шевови, Алкантара на таванот и разно разни карбонски детали. Кабината исто така вклучува модерно амбиентално осветлување, напреден аудио-систем од Bowers & Wilkins и интуитивна управувачка станица со широки екрани.

Brabus Sunreef Ultima 55 нуди две флексибилни конфигурации на внатрешниот распоред за сместување на гостите. Стандардната опција вклучува една пространа соба и една VIP кабина за четири гости, плус посебна кабина за еден член на екипажот.

Алтернативната конфигурација нуди три кабински простории во кои удобно може да се сместат до шест гости и еден член на екипажот, овозможувајќи максимален луксуз и приватност.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!