Во рамките на освежувањето за следната моделска година година, Porsche одлучи да воведе симулирани брзини во електричнот Taycan.
Новиот E-Shift систем им овозможува на возачите да ги менуваат брзините преку лопатките на воланот. Системот нуди осум симулирани степени на пренос, комплетни со виртуелен лимитер на вртежи и специфичен отпор при кочење со моторот за секоја брзина.
Taycan веќе има вистински двостепен менувач на задната оска кој работи автоматски во позадина, но овие нови осум брзини се целосно софтверски емулирани.
Функцијата доаѓа со дополнителен софтвер кој создава вештачки звук на мотор кој е усогласен со менувањето на брзините.
Покрај софтверските промени, моделот носи и значајни хардверски подобрувања. Поголемата батерија од 105 kWh сега станува стандарден дел од опремата кај сите варијанти.
Исто така, внатрешноста е освежена со нов инфозабавен систем кој нуди помодерен софтвер, гласовна контрола и вештачка интелигенција.












