GR Yaris Morizo RR е новото специјално оружје на Gazoo Racing – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

GR Yaris Morizo RR е новото специјално оружје на Gazoo Racing

Моделот e дело на претседателот Akio Toyoda – Morizo, врз основа на неговото стекнато искуство од 24-часовната Nürburgring трка.

На трката Morizo извози 15 кругови (неколку повеќе од планираното) во GR Yaris со осум-степен автоматски менувач и со тоа директно го овозможи развивањето на новиот GR Yaris Morizo RR.

Суспензијата на возилото е оптимизирана за тркачката патека Nürburgring а дополнително е модифициран и системот EPS против пролизгување.

Досегашната програма за возење на земјени површини “Gravel“ е заменета со “Morizo” и доаѓа со распределба на вртежниот момент 50% напред и 50% назад.

Внатрешноста е богата со жолти везови, а ги забележуваме и новиот волан со помал дијаметар, како и плочката со специјалниот сериски број.

Производството ќе започне на прoлет и ќе биде ограничено на 100 единици за Јапонија и 100 за Европа.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!