Досегашниот шеф на производство на BMW од Мај следната година ќе застане на челото на баварскиот гигант.
Милан Недељковиќ е роден 1969-тата година во Крушевац во соседна Србија. Студирал машинско инженерство на Универзитетот Ахен во Германија и на MIT во Масечусетс, во САД. Потоа докторирал инженерство на Техничкиот Универзтитет во Минхен во 2004.
Во BMW е од 1993-тата година и во изминативе 32 години имал неколку различни функции. Започнал како приправник, а понатаму стигнал да биде и шеф на погоните на BMW во Лапјциг и Минхен, и е член на управниот одбор на BMW AG од 1-во Октомври 2019.
Недељјковиќ ќе дојде на позицијата на Oliver Zipse, а преземањето на должностите официјално ќе се случи на 14-ти Мај, 2026. Од BMW кажуваат дека со неговите 56 години, Милан Недељковиќ носи комбинација од свежа енергија и повеќе од 3 декади институционално искуство во BMW. Ќе биде на позицијата Главен Извршен Директор (CEO) до 2031-ва година.
Со поставувањето на Недељковиќ на позицијата Главен Извршен Директор, BMW всушност покажува колку доверба има во карактерот, искуството и експертизата на Недељковиќ. Меѓу другото, во портфолиото на Милан се вбројува и Neue Klasse проектот на BMW со кој баварскиот производител ја трасираше својата насока за годините кои доаѓаат.






