Минатата среда во салонот на BMW Motorrad Македонија, Dynamix организираше посебен настан во боите на BMW Racing под слоганот „Затворање на Сезона 25“.
Домаќините со гордост кажаа дека на настанот ја обединија страста кон моторите, авантуристичкиот дух и заедништвото на BMW Motorrad заедницата. Истовремено, на постоечките и новите, потенцијални клиенти им понудија ексклузивни цени на нови моторцикли и оригинални BMW Motorrad додатоци.
Но уште поважна беше најавата за она што следува – новата генерација на BMW Motorrad модели кои пристигнуваат во 2026 година, од кои се очекува дополнително да ги подигнат стандардите кога станува збор за перформанси, технологија и дизајн.
„BMW Motorrad е повеќе од бренд. Тоа е начин на живот. Со оваа вечер ја заокружуваме успешната сезона и со нетрпение ги очекуваме новите модели кои пристигнуваат следната година.“ – изјавија домаќините од Dynamix. Додадоа дека со страст кон возењето и поглед насочен кон иднината, BMW Motorrad Македонија уште еднаш ја потврдува својата мисија – да ја претвори секоја патека во доживување, а секој момент во авантура.











