Кинеските брендови го дуплираа учеството на европскиот пазар! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Кинеските брендови го дуплираа учеството на европскиот пазар!

Според информациите од Dataforce, кинеските брендови земаа 7.4% од европскиот колач во Септември!

Во Септември минатата година, кинеските брендови имаа учество од 3.4% на пазарот во Европа. Овој септември? 7.4% според Dataforce, 7.8% според други аналитичари! Со овој раст, кинеските брендови за прв пат ги надминаа корејските производители во Европа. Во ред, со оглед на тоа дека од Јужна Кореја пристигнуваат само два брендови, додека од Кина има вистинска инвазија на производители и продукти низ огромен ценовен спектар, тоа и не е тоооолку чудно – но вистината е дека кинеските брендови цврсто газат по европско тло.

Всушност, самиот податок дека кинеските брендови успеале да заземат 7.4% од европскиот пазар во Септември говори токму за ова. Тоа е раст од 149% во однос на минатата година!

Растот на продажбата се должи на одлично-позиционирани хибридни модели. Со тоа, учеството на кинеските брендови е дури 20%, додека учеството кај електричните возила е 11%. Еден од најголемите пазари за кинеските производители е Обединетото Кралство, каде се продадени скоро половина од кинеските возила продадени во Европа. Етаблираните брендови како BYD и MG покажаа брз раст на продажбата – BYD ја шесткратно ја зголеми продажбата во однос на минатиот месец, а Omoda и Jaecoo (брендови на Chery) и нивните хибридни модели брзо ги најдоа своите купувачи.

И добро, што значи сето тоа? Па BYD продаде скоро 25.000 возила во Европа во Септември – раст за 397% во однос на Септември минатата година.MG продаде 33.900 возила, зголемување за 76% во однос на Септември минатата година.

Европа (односно европските брендови) се обидува да се заштити од кинеските брендови – но вистината е дека тие се веќе тука и многу активно и агилно се соочуваат со пазарните услови. Купувачите – водени од значително пониските цени, но и од богатата опрема и врвните технолошки решенија – ги прифатија без поголем проблем. И тоа е тоа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.