ПРЕМИЕРА: Cupra Leon VZ TCR е најмоќниот Leon со преден погон во историјата! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Cupra Leon VZ TCR е најмоќниот Leon со преден погон во историјата!

Cupra ги искористи искуството и успесите од TCR трките за да го подготви Leon VZ TCR кој има 325 коњски сили и задни седишта кои се вадат!

2-литарскиот турбо-бензинец во Cupra Leon VZ TCR го прави најмоќниот Leon со погон на предните тркала во историјата. Моторот испорачува 325 коњски сили и 420 Nm вртежен момент, кои ги пренесува кон предните тркала преку DSG менувач со двојна спојка. Забрзувањето до 100 километри на час трае само 5.6 секунди, а од Cupra напоменуваат дека максималната брзина не е ограничена, но не кажуваат која е.. Интересно!

Leon VZ TCR добива засебен аеро бодикит кој вклучува преден и заден сплитер, агресивен заден спојлер, странични прагови и агресивен заден дифузер. Добива и затемнето Cupra лого, а добива и карбонски странични ретровизори и VZ TCR лого на задниот дел. Но измените не се само козметички – покрај силниот мотор, добива пневматици со високи перформанси широки 245 милиметри, специјални безбедносни појаси за предните CUPBucket седишта и задни седишта кои лесно се вадат, за перформансите на тркачките патеки да бидат уште подобри.

Leon VZ TCR ќе биде произведен во само 499 примероци (во чест на вкупно 499-те Leon тркачки автомобили направени низ годините), а ќе го препознаеме и по специјалното огромно Cupra лого кое е дополнителен графички елемент на страниците.

Но пред лансирањето на Leon VZ TCR кое е најавено за крајот на 2026, Cupra ќе го лансира Leon VZ, за кој кажуваат дека е првиот чекор во оваа нова ера на перформанси со погон на предните тркала. Leon VZ ќе го добие истиот 325-коњски турбо-бензинец, но нема да го добие поагресивниот бодикит. Ќе добие ексклузивни 4 завршетоци на издувниот систем во бакарна боја и уште неколку други додатоци, а ќе биде произведен во 1500 примероци.

Поврзано:  Петте цилиндри се враќаат - Cupra го претстави освежениот Formentor VZ5!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.