Надворешноста на двата модели доби значајни освежувања, меѓу кои ги издвојуваме новата решетка, поострите LED фарови и редизајнираните браници.
Ibiza дополнително добива и нов заден браник и посебно FR издание, додека Arona го добива новиот Xperience пакет со генерално поагресивен урбан изглед.
Внатрешноста се карактеризира со зголемена функционалност и подобрен квалитет на материјалите со користење на значително помалку тврди пластики.
Воланот со рамно дно кој е изработен од Nappa кожа и темната облога на таванот дополнително ја нагласуваат премиум атмосферата.
Двете возила ја користат најновата генерација на системот Full Link кој ги интегрира Android Auto, Apple CarPlay и SeatConnect.
Новите Ibiza и Arona доаѓаат и со напредни системи за помош на возачот, како што се адаптивниот темпомат, помошта за одржување во лента, системите за следење на мртов агол, препознавањето сообраќајни знаци и системот за долги светла.
Во моторниот погон, Ibiza и Arona ги нудат добропознатите бензински мотори со моќност од 80 до 150 коњски сили. Атмосферецот и турбо моторот 1.0 ќе бидат достапни со мануелен менувач додека најмоќната 1.5 варијанта варијанта ќе биде достапна исклучиво со седум-степениот DSG автоматски менувач.
Производството на освежените Ibiza и Arona е веќе започнато во фабриката во Барселона, а моделите ќе бидат достапни во продажба од следната година.




















