CARclub го поздравува последниот Ford Focus ST! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

CARclub го поздравува последниот Ford Focus ST!

Популарниот хот-хеч го заврши својот животен век, еден месец пред планираниот крај на производството на стандардниот модел.

Последниот Focus ST во црвена боја и без посебни ознаки излезе од производната линија на 26 септември 2025 година во фабриката во Саарлуис, Германија.

Спортската верзија на Focus се продаваше низ четири генерации од неговото прво претставување во 2002 година како ST170.

Тековниот Focus ST кој доаѓа со 2.3-литарскиот EcoBoost мотор со 276 коњски сили и шестстепен мануелен менувач се продаваше од средината на 2019 година, со мали измени во 2022 година.

Иако Focus ST не беше ни приближно конкурентен на претходната Focus RS генерација, сепак претставуваше важен модел од гамата на производителот, а ние имавме можност да го возиме на неговата официјална презентација во Хрватска, пред неколку години.

Неколку години претходно, на покана на Ford отидовме во Келн, каде покрај посетата на фабриката на Синиот Овал, имавме можност на германски терен и по германскиот аутобан да ја возиме тогашната генерација.

Покрај спортскиот модел, производството на целата серија ќе заврши во ноември, па така Ford нема да има ниту еден патнички автомобил на пазарот во Европа што не е SUV или кросовер.

Можеби звучи разочарувачки, но како и повеќето производители, Ford се прилагодува на реалната побарувачка на пазарот.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!