Mustang RTR Spec 5 е најмоќниот Mustang RTR направен досега, со ограничена серија од само 50 примероци.
Моделот доаѓа со 3-литарски Whipple суперполнач, 870 коњски сили и вртежен момент од 895 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае околу 3,5 секунди а максимална брзина изнесува 300 км/ч.
Погонот е исклучиво на задните тркала а погонот доаѓа во две верзии: со 6-степен рачен менувач или со 10-степен автоматски менувач.
Карбонските надградби се направени на предиот сплитер, сплитерите на страничните прагови и задните сплитери. Визуелните промени ги вклучуваат горната и долната решетка, задниот спојлер и страничните аеро додатоци.
Внатрешноста нуди кожни Recaro седишта, специјален менувач со RTR дизајн и плоча со потпис на основачот на RTR – Vaughn Gittin Jr.















