Volkswagen во Минхен официјално ќе го претстави ID. Polo кое ќе пристигне на пазарот следната година, заедно со првото електрично GTI – ID. Polo GTI кое ќе има 226 коњски сили!
Германскиот бренд одлучи да ја направи вистинската одлука и да ја смени стратегијата за именување на електричните модели – па така ID. 2all концептот кој беше прикажан во 2023 станува ID. Polo во неговата сериска изведба. Серискиот ID. Polo ќе биде претставен во Минхен, заедно со првиот целосно-електричен GTI во форма на ID. Polo GTI.
Главниот извршен директор на Volkswagen, Tomas Schafer изјави: „Имињата на нашите модели се цврсто вкотвени во мозоците на луѓето. Тие се силен бренд и отелотворуваат карактеристики како квалитет, безвременски дизајн и технологии наменети за сите. И затоа ќе ги носиме нашите добро-познати имиња во иднината. ID. Polo е само почетокот.“
Вториот иден ID е автомобил наменет за малиот сегмент и ќе евоцира навистина интересни емоции. Според Martin Sander, Volkswagen „ќе го донесе еден од своите најмоќни брендови – GTI – во електричниот свет. По претставувањето на концептот, тој ќе оди во сериско производство како ID. Polo GTI и ќе нуди извонредна динамика и многу уживање во возењето. ID. Polo GTI ќе има 226 коњски сили кои ќе ги пренесува кон предните тркала.
Истовремено, Volkswagen ќе претстави концепт кој ќе најави електричен компактен кросовер – новиот ID. Cross Concept, врз кој ќе биде базиран ID. Cross, кој всушност треба да биде електрична варијанта на T-Cross.
Со претставувањето на овие модели, Volkswagen сака да означи старт на нова ера. Volkswagen сака да ја направи електричната мобилност подостапна од било кога. Истовремено, од Volkswagen напоменуваат дека моделите јасно покажуваат дека брендот подготвено реагира на фидбекот од купувачите.