ПРЕМИЕРА: Fiat 500 hybrid доаѓа со 1-литарски бензинец и мануелен менувач! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Fiat 500 hybrid доаѓа со 1-литарски бензинец и мануелен менувач!

Пред неколку месеци Fiat потврди дека новиот 500 ќе добие хибридна изведба – а денес и официјално ги имаме сите детали.

Извршниот директор на Fiat – Olivier Francois – го опишува бензинскиот 500 како „500 за вистински луѓе, прагматичниот 500“. Веќе е најавено дека бензинскиот (хибриден) 500 ќе биде неколку илјади евра поевтин од целосно-електричниот 500е и се очекува дека ќе го продолжи успехот на досегашниот модел.

Од Fiat најавуваат дека до крајот на оваа година ќе бидат произведени околу 5000 примероци (по официјалниот старт на производството во Ноември) а дека веќе следната година ќе бидат прозведени вкупно околу 100.000 примероци. Fiat 500 Hybrid ќе се произведува во фабриката Mirafiori во Торино.

Хибридот ќе се нуди во истите конфигурации како и електричниот 500е – класичен хечбек, 3+1 модел со три врати и кабриолет. Под предниот поклопец ќе се наоѓа 1-литарскиот лајт-хибриден бензинец со мала батерија, а силата ќе се пренесува преку 6-степен мануелен менувач. Моторот испорачува 70 коњски сили.

Со оглед на нескротливата популарност на Fiat 500 ширум светот, очекуваме дека новиот, хибриден модел ќе го продолжи овој тренд. Интересно, од Fiat најавуваат дека нема да запрат тука, туку дека веќе се планираат и други варијанти на новиот 500.

Очекуваме хибридниот 500 да пристигне кај нас на почетокот на следната година.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.