Fiat Grande Panda 4×4 е манифест за новата теренска Grande Panda! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat Grande Panda 4×4 е манифест за новата теренска Grande Panda!

Малата Fiat Panda 4×4 е легендарен диминутивен теренец кој цели (и досега) далеку над својата тежинска класа. Со новиот концепт, Fiat најавува нов пристап кон докажаниот мал офроудер.

Од Fiat гордо кажуваат дека Grande Panda 4×4 е концепт кој одново ја носи на свет легедарната икона која ја улови имагинацијата на возачите ширум светот. Според Fiat, следното поглавје на брендот е маркирано токму преку потенцијалниот симбол на доверливост, практичност и користност, но и слобода на четири тркала. Fiat Grande Panda 4×4 е манифест за свежа визија и одржлива мобилност.

Од технички аспект, Grande Panda 4×4 концептот е замислен да има иновативна електрифицирана задна оска. Ова решение би овозможило Grande Panda 4х4 да има одлични перформанси како во урбаните околини, така и на терен кој бара нешто повеќе. Од Fiat кажуваат дека ова е намерен избор кој ја потцртува посветеноста на Fiat да оди кон одржливи и напредни технологии, но истовремено да го задржи авантуристичкиот дух и секојдневната практичност кои отсекогаш ја дефинирале Panda 4×4.

Концептот добива специјална Bordeaux боја и беж детали кои асоцираат кон минатите генерации на Panda со погон на сите четири тркала. Дополнително, добива и кровни носачи со вградени светла, дополнителни светла на предниот дел, повисока суспензија, теренски пневматици, итн. Од Fiat најавуваат дека ќе бидат претставени и други додатоци.

Ајде Fiat, ја чекаме Grande Panda!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.