Во свечена атмосфера, вчеравечер и официјално ги доделивме наградите Златно Тркало за Најпосакувани Автомобили во Македонија.
Овогодинешното издание Златно Тркало беше шестто по ред и со задоволство можеме да кажеме дека изборот веќе прераснува во традиција. Оваа година доделивме пет статуетки во пет различни категории.
„На купче“ ги собравме автомобилските импортери, но и посебна чест ни направи Филип Анацковски од Bugatti-Rimac, кој оваа година го доби специјалното признание за афирмација на Македонија во глобалната автомобилска индустрија.
Годинава беа дадени нешто повеќе од 30.000 гласови во сите пет категории, а победниците се:
- Opel Grandland – Најпосакуван Семеен Автомобил
- Geely Coolray – Најпосакуван Градски Автомобил
- Peugeot 3008 – Најпосакуван Електрифициран Автомобил
- Audi A5 – Најпосакуван Премиум Автомобил
- Cupra Formentor – Најпосакуван Нов Автомобил
Изборот Златно Тркало го организираме заедно со колегите од Автоплус, CarsByVik и RPM.mk. Оваа година се гласаше од 15ти Март до 4ти Април и овогодинешниот одзив на гласачите беше најголем досега – нешто што навистина нè радува.
Ви благодариме на вас – нашите читатели – што веќе со години нè следите и учестувате во овој избор. Вашата поддршка ни е мотивација плус да продолжиме да работиме и да продолжиме да зборуваме за автомобилите.
Новиот циклус веќе започна!