Во повеќе од 40 земји со електричен VW ID. Buzz – #BulliLoveStories во Скопје! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во повеќе од 40 земји со електричен VW ID. Buzz – #BulliLoveStories во Скопје!

За оние кои се сè уште скептици, Volkswagen и ID. Buzz докажуваат дека навистина нема потреба. Christian Schlueter досега има поминато скоро 120.000 километри низ повеќе од 40 земји со неговиот електричен Volkswagen ID. Buzz – и деновиве беше во Македонија!

Времето денес беше далеку од идеално за запознавање со електрично возило, но снегот воопшто не го плаши Christian Schlueter. Тој работи за Volkswagen и поседува Volkswagen комбе од негови 17 години. Самиот кажува дека не може да замисли посовршено возило. Па кога му се пружила можноста да со целосно-електричен ID. Buzz ја прифатил улогата. Оригиналниот план бил да се посетат 10 европски земји, но „им тргнало“ и резултатот зборува за себе.

Проектот е започнат во 2022, кога ID. Buzz сè уште не беше пуштен во сериско производство. Сега, неколку години подоцна Christian и неговиот ID. Buzz зад себе имаат импресивно портфолио од повеќе од 40 земји низ Европа и Северна Америка, но и скоро 120.000 километри.

Christian со задоволство ни раскажуваше за неговите авантури, а хејтерите сигурно ќе сакаат да знаат за проблемите. И самиот зборува за „кафанските муабети“ од типот „нема да стигнеш до таму“ или „полначите ќе бидат зафатени“ и слично. Но неговото искуство е сосем спротивно, плус го нагласува и чувството на заедница кое доаѓа токму од сопствениците на Volkswagen (особено сопствениците на Volkswagen комбиња) ширум светот. Напоменува дека ја полни батеријата на неговиот ID. Buzz на секои 250-300 километри, односно ја полни од 10 до 80%. Кажува и дека не користи апликации за планирање на патувањето туку дека едноставно – патува. Само советува да не си го игнорирате автомобилот и да ги наполните батериите пред индикаторот да покаже нула. :)

Поврзано:  ТЕСТ: Volkswagen ID.4 GTX - Што е всушност GTX?

Ни откри и дека со автомобилот немал никакви механички дефекти, освен две пукнати ветробрански стакла. А и ID. Buzz изгледа како навистина убаво и комфорно место за патување, нели? Од Македонија заминува директно за Хановер, од каде ќе отиде на рели околу Балтикот. Да, повторно со електричен автомобил!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.