Volkswagen ја објави првата скица од најмалото ЕВ, највероајтно ќе го носи името ID.Every1 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen ја објави првата скица од најмалото ЕВ, највероајтно ќе го носи името ID.Every1

По официјалната најава минатата седмица, Volkswagen ја објави и првата скица од новото мало електрично возило.

На скицата препознаваме робустна, самоуверена форма. Го забележуваме и новиот светлосен потпис кој ќе го има своето деби токму кај овој автомобил. Премиерата е најавена за Март, а Volkswagen веќе потврди дека новиот автомобил ќе го следи духот на Up и електричниот E-Up.

Директорот за технички развој Kai Grünitz кажа дека „ID 1 ќе биде близу до Up во однос на начинот на користење на автомобилот. Нема многу можности да се дизајнира мал автомобил за градските околини, во однос на тоа како тој изгледа. Автомобилот мора да се вклопи во дизајнерската и функционална ДНК на Volkswagen, но со пониска цена.“

Автомобилот треба да пристигне на пазарот во 2027 по најавена цена од „околу 20.000 Евра“.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.