M3 CS Touring е ултимативниот караван на BMW – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

M3 CS Touring е ултимативниот караван на BMW

Вака изгледа еден врвен автомобил кој ги спојува перформансите и практичноста.

M3 CS Touring изобилува со каросериски делови изработени од карбонски влакна. Тука спаѓаат: предната хауба, предниот сплитер, воздушните влезови, капаците на ретровизорите и задниот дифузер. Возилото исто така доаѓа со нови M лесни алуминиумски тркала и специјална решетка, што дополнително додава на неговиот агресивен и спортски изглед.

Автомобилот е опремен со 3-литарскиот V6 со два турбо полначи кој испорачува импресивни 550 коњски сили. Со негова помош, караванот забрзува од 0 до 100 км/ч за само 3.5 секунди и достигнува максимална (електронски ограничена) брзина до 300 км/ч.

Внатре, M3 CS Touring е опремен со електронски прилагодливи и загреани M carbon седишта, M alcantara волан и осветлени CS логоа. Автомобилот има и напредни технологии, вклучувајќи го дуплиот дисплеј со висока резолуција, звучниот премиум систем и различните функции за помош на возачот.

Испораките на новиот BMW M3 CS Touring ќе започнат во март 2025 година, првенствено на клучните пазари како што се Европа, Австралија, Јапонија и Јужна Кореја.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!