Минатата година беше навистина одлична година за Opel – германскиот бренд прослави 125 години производство на автомобили, но и многу, многу освоени награди.
2024 година беше извонредна година за Opel во многу аспекти: брендот прослави „125 години од производство на автомобили Opel“ додека истовремено стана првиот германски производител кој понуди барем една едлектрична верзија за секој модел.
Во изминатите 12 месеци, својата премиера ја прославија новите модели како што е целосно електричниот Opel Grandland SUV, кој директно ја освои реномираната награда „Златен Управувач 2024“. Corsa е најпопуларниот мал автомобил во Германија и Astra од компактната класа, покажаа колку се привлечни најпродаваните модели на Opel за клиентите и за експертите, освојувајќи бројни меѓународни награди, а минатата година беше прогласен и за Најпосакуван Градски Автомобил на изборот Златно Тркало кој го организираме ние, заедно со колегите од Автоплус, CarsByVik и RPM.mk.
Oва се само неколку истакнати награди од долгата листа на награди освоени во 2024 година, a воведувањето на ChatGPT во голем број на патнички и комерцијални возила исто така нагласува како Opel ги прави врвните технологии достапни за секого. Ова неодамна беше наградено од меѓународното жири AUTOBEST со наградата „SMARTBEST 2025“.







