Пристигна освежениот Volkswagen Touareg – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна освежениот Volkswagen Touareg

Освежениот голем SUV на Volkswagen пристигна во салонот на германскиот бренд во Скопје.

Најголемата и највоочлива измена е во предницата која е целосно редизајнирана со нова маска на ладилникот, нов браник, како и нов светлосен потпис и нови IQ.LIGHT HD LED предни светла. Овие нови светла имаат повеќе од 38.000 LED елементи кои супер-прецизно ја проектираат светлината.

Освежувањето продолжува и кон добива задниот дел кој добива целосно-редизајниран светлосен потпис со LED елемент во целата ширина на задницата. Новитет е и осветлената VW значка која свети во црвена боја и за прв пат се нуди на модел на Volkswagen во Европа.

Кабината го добива новиот Innovision Cockpit кој комбинира дигитален инструмент панел со Discover Pro Max инфозабавен систем, и оваа комбинација ќе биде дел од стандардната опрема. Надграден е системот за гласовна контрола, а од Volkswagen кажуваат дека новите материјали во кабината се најлуксузни досега.

Кабината добива и технолошки освежувања во форма на USB-C приклучоци со моќност од 45 вати за брзо полнење на паметни телефони. Меѓу другото, ќе добиете и Travel Assist, Park Assist Plus со далечинско управување, Trailer Assist, Night Assist како и нов сензор за товар на кровот кој работи за да ја подобри стабилноста кога има нешто на кровот на големиот SUV. Овој систем соработува со системот за контрола на стабилноста и суспензијата која има активна контрола на навалувањето.

Во однос на моторите, Touareg ќе се нуди со 3-литарски V6 турбодизели кои испорачуваат 230 коњски сили и 500 Nm, односно 282 коњски сили и 600 Nm, како и 3-литарски V6 турбо-бензинец со 335 коњски сили и 450 Nm вртежен момент. Достапни се и две плаг-ин хибридни верзии кои исто така користат 3-литарски V6 турбо-бензинец.

Едната е со системски 386 коњски сили, додека на самиот врв е Touare R eHybrid кој комбинира 3-литарски твин-турбо V6 со електромотор и батерија со капацитет од 14.1 kWh за да испорача вкупно 462 коњски сили. Врвниот Touareg R eHybrid забрузва до 100 километри на час за само 5.1 секунда.

Поврзано:   Буба Клуб Македонија наполни 14 години!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.