Mercedes EQS доби фејслифт – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes EQS доби фејслифт

EQS доби некои дизајнерски решенија од S-класата, како што се предната решетка и класичниот украсен амблем на хаубата.

Од надворешноста се видливи минимални промени, односно останува доминантен контроверзниот јајцевиден облик. Колку и да се обидоа од Mercedes да го доближат изгледот на EQS до S-класата, можеме слободно да кажеме дека сепак не успеаа во тоа.

Внатрешноста останува главно непроменета. Перниците во задниот дел сега имаат контрастни шевови и парчиња од Nappa кожа а задните седишта се малку поудобни благодарение на додадената пена на потпирачите за грб.

Во дискретно ревидираната каросерија се наоѓа и надградена батерија со употреблив капацитет од 118 kWh наместо претходните 108,4 kWh. Тука е и подобреното враќање на енергијата преку новиот софтвер за регенеративниот систем за сопирање.

Една неодамнешна студија покажа дека EQS губи речиси половина од својата вредност по само 12 месеци. Останува да видиме дали освежената верзија ќе го продолжи негативниот тренд на моделот.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!