Opel ги претстави новите Combo, Vivaro и Movano – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel ги претстави новите Combo, Vivaro и Movano

Kомбињата на Opel добија нов изглед, редизајниран кокпит и освежени електрични погонски единици.

Електричните верзии на лесните комерцијални возила на Opel продолжуваат да нудат водечки опсег на возење. Пример за тоа е новиот Movano Electric, кој според WLTP1 ќе може да помине до 420 километри со едно полнење. Моделите нема да бидат достапни само со електричен погон и мотори со внатрешно согорување – покрај Opel Vivaro HYDROGEN, и новото Movano исто така ќе ја збогати алтернативната палета со ќелии на водород.

Покрај надворешниот дизајн, дополнителени измени претрпеа и ентериерите на новите Opel Combo, Vivaro и Movano. Најдобро опремените верзии на освежените кабини доаѓаат со нови инфозабавни системи со екрани на допир со големини до 10 инчи и безжична поддршка за Apple CarPlay и Android Auto.

Од технолошки поглед, новиот Combo има приспособлива матрична светлечка технологија, а новото Movano овозможува автоматско возење на второ ниво. Во зависност од моделот, достапни се до 21 најсовремен систем за помош на возачот, со цел да се олеснат долгите работни и деловни патувања, како и маневрирањето низ улиците.

Како и обично, со цел да се исполнат сите комерцијални барања, тројката лесни комерцијални возила е достапна во различни должини и каросериски варијанти.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!